Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Танцот на успехот на Црниот лебед

0

Ако ви го спомне некој името Натали Хершлаг, тешко дека ќе се сетите за кого станува збор, освен ако не сте фанатичен филмофил. Но, кога ќе се каже Натали Портман, тогаш веќе работите стојат соема поинаку.

Една од најангажираните актерки во последно време, а без дилеми една од најобразованите холивудски ѕвезди, е родна на 9 јуни 1981 година во Ерусалим. Од малечка ја засакала глумата а веќе со 12 години се појавува во филмот „Леон“ каде блеснува покрај славниот Жан Рено.

Завршила психологија на Харвард, а потоа дипломирала на Еврејскиот универзитет. Течно зборува хебрејски и англиски, а разбира француски, германски, јапонски и шпански.

Кариерата почнува да и напредува од 2000 година, кога со филмот „Блискост“ е  номинирана за Оскар а добива Златен глобус. Следува серија успешни улоги, а во 2011 година за „Црниот лебед“ го добива Оскарот, како и многу други награди.

За време на снимањето на филмот го запознава сегашниот сопруг, балетскиот играч и кореограф Бенџамин Милпие. Во декември ја објавија веридбата, а во јуни наредната година го добија синот Алеп. Во 2012 се венчаа на интимна церемонија во Калифорнија. Лани ја добија ќерката Амалија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com