Тамара се пласира во финалето на Евровизија

0

Македонската претставничка Тамара Тодевска имаше импресивен настап со песната „Proud“ во Тел Авив, Израел, на втората полуфинална вечер на 64-от Избор на песна на Евровизија и избори место во саботното финале.

Aвтори на песната „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Во финалето освен Македонија, вечерва се пласираа и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Данска, Азербејџан, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Во првата полуфинална вечер се пласираа Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Во финалето настапува и големата петорка Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија и Франција, како и земјата домаќин Израел.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com