Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ТАЛЕСКИ: Имавме доста избрзани шутеви, со таква игра нема да имаме шанси во следните мечеви

0

Македонија дојде до втората победа на Мундијалот во Германија и Данска, откако денеска го совладавме Бахраин со 28:23. Нашата репрезентација покажа дека се уште е класа над Бахраин, па на крајот со рутинска завршница дојде до втората победа, а еден од најдобрите поединци на теренот беше Филип Талески.

„Не се согласувам дека ова беше рутинска победа, беше потешко од очекуваното. Се гледа и по првиот натпревар и по овој дека двете репрезентации се доста квалитетни, имаат доста шанси да изненадат некој фаворит. Игравме максимално во одбраната, таму го добивме натпреварот, но во нападот имавме доста грешки и избрзани шутеви. Мислам дека ако продолжиме со таквата игра во нападот нема да имаме шанси во следните три натпревари кои ни се клучни“, вели Талески, кој смета дека нема да биде проблем што веќе утре ќе се соочиме со Хрватска.

„Научени сме да играме на ваков турнирски систем, мислам дека сите сме подготвени бидејќи знаеме дека утрешниот меч е клучен за нас. Максимално сме фокусирани на тој меч, ни останува помалку од еден ден за подготовка, ќе го искористиме целото време за одмор и подготвени да го дочекаме мечот со Хрватска“, изјави Талески.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com