Тажната приказна за детенцето што и подари на Меган гердан од макарони

0

 

Меган Меркл на австралиската турнја доби бројни подароци, но за време на посетата на Мелбурн пријатно беше изненадена од еден моден додаток, гердан од макарони што и го подари шестгодишно детенце. Во мноштвото деца Меган го забележа момчето со натпис „Ти направив гердан“. Му пријде и со широка насмевка на лицето го прифати подарокот, а потоа без двоумење го стави герданот околу врат.

Гавин го направил герданот од макарони кои ги обоил со златна боја, па ги нанижал на обично јаженце.

Приказната и фотографијата го обиколија светот, а Гавин веднаш доби совети да продолжи да ги изработува ваквите гердани и да ги продава. Најпрвин тој се противел, но откако мајка му го советувала парите од продажбата да ги подари во хуманирани цели, како што тоа го прават неговите идоли, Меган и Хари, тој се согласил.

Правењето необични гердани малиот херој го започнал како реакција по губењето на неговата помала сестра, родена како мртвороденче пред четири години.

„Низ загубата мина заедно со нас и би сакал да им помага на други што ќе се најдат во слична ситуација“, објасни мајка му.

Тој со помош од татко му има изработено интернет страница на која неговите гердани од макарони се продават за 20 долари парче.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com