Судски полицаец си играл со пиштолот и случајно убил човек

0

Судскиот полицаец Младен Деуриќ уби денеска маж на влезот во судот во местото Власеница, во источна Босна.

Полицаецот веднаш е уапсен, а локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за несреќен случај. Полицаецот пукал во Мило Јевтиќ и му нанел смртоносна повреда од која по извесно време тој починал . Тој влегувал во судот, каде требало да се одржи граѓанско рочиште. Според неофицијалните информации, полицаецот Деуриќ најверојатно си играл со пиштолот на влезот во судот и случајно испукал.

Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52), инаку  татко на три деца.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com