Судот ја одби жалбата на Мијалков – останува во притвор

0

Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тој останува во итражниот затвор во Шутка.

Судиите оцениле дека постои опасност Мијалов да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка кој му одреди притвор за случајот „Империја“.

Во еден од аргументите поради кои Мијалков доби притвор се наведени телефонски повици кон црногорската амбасада во земјава, а се потенцира и дека контактирал со српски и други странски телефонски броеви. Во делот на опасност од влијанието врз сведоци, во решението за притвор на судијката Весна Димишкова пишува и дека Мијалков ги дознал некои од сведоците на СЈО за „Имеприја“, ги контактирал и им посочувал да не откриваат ништо пред обвинителите.

За Мијалков во моментов има четири активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“. Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com