Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Студентка нашла човек кој се криел во нејзиниот плакар

0

Студентка на Универзитетот во Северна Каролина, Гринсборо, САД, се вратила во својот стан во саботата каде пронашла маж кој се крие во нејзиниот плакар и воедно бил облечен во нејзина облека.

Студентката рекла дека таа и нејзините цимери претходно се пошегувале дека имаат духови во станот, бидејќи нејзината облека исчезнала во неколку прилики.

Кога зборувала за настанот, рекла дека звучело како да има ракун во плакарот, па прашала „Кој е таму?“, на што добила одговор „Јас. О, моето име е Дру“. Потоа таа се обидела да направи итен повик на нејзиниот паметен часовник, но не можела да воспостави врска, па разговарала со човекот околу 10 минути, праќајќи слики од него на своето момче. Човекот потоа го напуштил станот кога нејзиното момче пристигнало.

Полицијата пристигнала околу 3.30 часот и го одвела човекот во притвор. Тој бил ставен во затвор и бил обвинет за провалување, како и кражба на идентитет, крадења, поседување на украдена стока и непојавување на суд во врска со претходните случаи.

Се разбира, девојката веднаш се отселила од тој стан.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com