Студенти правеле скара и ја запалиле шумата – казна 13,5 милиони евра

0

Двајца студенти од Италија се обвинети дека предизвикале голем шумски пожар во регионот Комо и треба да платат 13,5 милиони евра.

Момчињата на 22 годишна возраст на 30 декември запалиле скара во планинска куќичка , во сопственост на еден од нивните дедовци, кога наеднаш избувнал пожар. Еден од нив во изјава за медиумите вели дека му е жал, но тие не се одговорни за штетата на шумата.

Смета дека со ваквата висока казна тие се ставени во улога на ,,жртвени јагниња”, бидејќи до сега немало толку висока казна. ,,Веднаш ги известивме пожарникарите и дадовме се од себе за да го изгаснеме пожарот”, изјави еден од студентите.

Пожарот, меѓутоа, се рашири на 1.000 хектари и гореше неколку дена. Според медиумите, законската казна за пртедизвикување пожар е од 118 до 593 евра по метар квадратен, па затоа студентите требало да платат казна од 8 до 40 милиони евра.

Обвинителството побара да платат 13,5 милиони.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com