Страстни слики од свадбата на Квентин Тарантино и 20 години помладата пејачка

0

Квентин Тарантино (56) одлучи да отплови во брачните води со 20 години помладата израелска пејачка! Тој и Даниела Пик (35) беа во врска две години пред да одлучат да стапат во брак. Двојката се запозна во 2009 година на промоција на негов филм, но љубовта се појави дури седум години подоцна, откако тој ја заврши врската со костимографката Кортни Хофман. Тие блескаа во Лос Анџелес и за двајцата ова е првиот брак.

– Кога снимам филм, не правам ништо друго. Јас немам сопруга. Немам дете. Ништо не ми пречи – вели режисерот, кој призна дека минатата година ги изненадил сите кога тој ја запроси неговата Даниела. Сепак, одлуката изгледа логично, имајќи предвид дека неколку месеци претходно тој изјавил дека планирал да се пензионира откако ќе сними уште два филма.

Даниела е израелска пејачка, ќерка на пејачот Цвика Пик, а понекогаш и се занимава со моделирање. За свадба избра бел невестински фустан со деколте во облик на срце, и таа носеше тијара и превез, а за свадбената прослава избра едноставна венчаница со шлиц. На забавата ги собраа сите свои пријатели, а Квентин и Даниела долго играа во ноќта.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com