Стигнаа првите барања за амнестија до судот

0

Пратеникот Крсто Мукоски и Никола Митревски-Кољо се меѓу петмината обвинети за 27 април кои во петокот поднеле барање за амнестија до Кривичниот суд, согласно новодонесениот Закон за амнестија. Од скопска единица потврдуваат дека петмина обвинети веќе го поднеле барањето за амнестија.

Освен Мукоски и Кољо, амнестија побарале и обвинетите Младен Додевски и Оливер Радулов, обвинет дека како вработен во УБК ги изнел хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.

Во понеделник барање за амнестија ќе поднесат и пратеникот Сашо Василевски како и Александар Василевски- Нинџа.

Инаку рокот за поднесување истекува во вторник а судот има рок од 5 дена да одлучи по барањата. Во зависност од одлуката на судот, обвинетиот има право на жалба пред второстепениот суд и истата треба да ја поднесе во рок од три дена, а судот по истата да одлучи за дополнителни три дена. Освен судот, законот за амнестија предвидува по барањата да се произнесе и јавниот обвинител.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com