Стивен Хокинг предвидел создавање нова раса луѓе

0

Професорот Стивен Хокинг во својот последен есеј, што го напиша пред својата смрт, пред точно  7 месеци, предвидел нова раса на луѓе која ја нарекол „Супер-луѓе“. Токму тие, „Супер-луѓе“  би можеле да го уништат остатокот од човештвото. Во оваа група  припаѓаат богати луѓе, кои што целото свое богатство би го искористиле за манипулација на ДНК на нивните деца.

Познатиот професор и физичар, остави зад себе збирка статии и есеи, во кои што се објаснува, кои се опасностите од манипулирање со ДНК. Наскоро, ќе биде објавена нова книга со сите негови есеи и статии поврзани со оваа тема.

Во една од своите последни статии, тој напиша: „Сигурен сум дека, во текот на овој век, луѓето ќе откријат како да ги модифицираат и интелигенцијата  и инстинктите, како што е на пример агресијата“.

Законот веројатно ќе биде против генетскиот инженеринг. Но,  тоа нема да ги спречи некои научници, поради тоа што тие нема да можат да останат мирни без да пробаат да ги подобрат човечките карактеристики, како што се меморијата, отпорноста кон болестите и должината на животот.

Со развивање на науката, научниците веќе се во можност да ги менуваат штетните гени и да додаваат нови. Револуционерната техника која е измислена пред само шест години им овозможува на научниците да навлезат и да пресечат било каков вид генетски материјал.

Според Хокинг и според тоа што го пишува во неговата последна книга, тој црта многу загрижувачка слика, поврзана со новите откритија во генетиката и создавањето на новата човечка раса.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com