„Стартап Гринд“ повторно во Скопје

0

 

По пауза од неколку години, „Стартап Гринд“ се врати во Скопје при што беа споделени  уште повеќе нови деловни совети и искуства со бројните заинтересирани во дискусијата.

Учесниците кои беа дел од овој настан имаа убава можност да дискутираат за различни и интересни бизнис теми, да споделуваат свои сопствени мислења и искуства.

За оние кои прв пат слушаат за овој настан, „Стартап Гринд“  е глобална иницијатива поддржана од Google for Entrepreneurs, која организира настани во скоро 600 градови низ целиот свет. Целта на овие настани е да се поврзе корпоративниот сектор со стартап заедницата и сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

„Тајмингот за враќање на „Стартап Гринд“ на сцената во Скопје е одличен!“, вели Теодора Николовска од Vrootok, кои се организатори на настанот во Скопје. „Стартап заедницата во Македонија доживеа голем развој во последните неколку години и моменталната претприемничка клима е одлична за споделување на нови исксутва и знаење“.

За ова издание организаторите се одлучија малку да ја изменат структурата и за првиот настан да организираат панел дискусија. Беа споделени корисни искуства на панелистите, а воедно и публиката доби убава шанса да се вклучи во дискусијата и да поставува прашања.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com