Старица е спасена од пламените јазици во Кисела Вода

0

Стара жена е спасена од пожарот кој беснееше во зграда во Кисела Вода на улицата ,,Народни херои“ број 23. Претходно беше спасено девојче. Во меѓувреме се евакуираат станарите. Пожарот избувнал попладнево, а не се знае што го предизвикало.

Од Противпожарната бригада соопштија дека во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 11 возила, како и тоа дека пожарот е локализиран и ставен под контрола. Од таму соопштија дека се спасени и евакуирани сите станари кои во моментот се нашле во зградата.

Според информациите на протипожарната служба, во огнот биле уништени два стана.  Откако го изгаснале огнот, пожарникарие сега ќе започнат со чистење внатре во зградата. Евакуирани биле 7 лица, меѓу кои и две деца. Последна била евакуирана една хендикепирана жена, чие извлекување било најголем предизвик за пожарникарите.

Пожарот избувнал на стан на 5-тиот кат од зградата. Околу зградата се собрале и поголем број локални жители, кои ја следеле работата на пожарникарите.

Во акцијата за гаснење на пожарот полесно биле повредени двајца пожарникари. Неофицијално, еден од пожарникарите е со помали изгореници но и заради вдишувањето чад бил пренесен во болница за да се санираат неговите повреди.

Улиците кои водат до овој дел на Скопје се блокирани. Полицијата не пропушта возила кај „Мечкаров“, кај Тутунски комбинат и кај општинската зграда.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com