Среќно, „Среќа кафе“!

0

Во петокот, 16 ноември,свечено беше отворено уште едно ново место за излегување на скопјани, кафето „Среќа“ сместено во еден од бродовите закотвени во Вардар во центарот на Скопје.

Откако стивна првичната еуфорија поради спектакуларното отворање, се огласија и сопственците на кафето, кои посакаа да се заблагодарат на сите кои беа дел од настанот што ќе се памети:

„Ви благодариме што бевте дел од почетокот на новата среќна приказна во градот. Ви благодариме што го наполнивте нашиот простор со многу позитивна енергија, насмевки и убави желби…за уште многу среќни заеднички моменти!“.

Ние само ќе потсетиме уште еднаш на овој свечен чин со дел од фотографиите направени во петокот вечерта, и да му посакаме на кафето долга и успешна работа.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com