Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Средба со Винка Саздова и нејзиното литературно творештво

0

Во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Издавачкиот центар ТРИ, на 5 декември (среда), со почеток во 12 часот, во салата за промоции при Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола, ќе се одржи литературна средба со писателот Винка Саздова.
Битолската јавност ќе има можност да се запознае со една од најпопуларните македонски авторки, чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. За творештвото на Саздова пред присутните ќе говори проф. д-р Венко Андоновски.
Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Основач е на Издавачки центар ТРИ.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com