Средба на Филозoфски со Милчо Манчевски

0

Утре, вторник 16 април, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет на УКИМ организира средба со нашиот реномиран филмски автор Милчо Манчевски.

Настанот е насловен: „Филозофијата и филмското дело на Милчо Манчевски“ и е замислен како средба и разговор на авторот со студентите. Оваа средба е од отворен карактер и сите вљубеници во филозофијата и филмот (филмското творештво на најреномираниот современ македонски режисер) се добродојдени.

На почетокот, во 16.00 часот, ќе бидат прикажани последните остварувања на Манчевски, краткометражниот филм „Крајот на времето“ (5′) и долгометражниот филм „Бикини Мун“ (102′). Потоа, во 18.00 часот, воведно проседе ќе има раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Иван Џепароски, и на крајот присутните (студентите и гостите) ќе имаат можност да влезат во отворен дијалог со Манчевски, пред се од ракурсот на филозофијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com