„Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов

0

„Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ е насловот на книгата на доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов, што беше промовирана денеска во Скопје. Книгата содржи помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и за средбите со светските спортски асови.

Од прва рака, легендарниот спортски коментатор сведочи за важни спортски, историски моменти, се сеќава на најзначајните личности, натпревари, олимписки игри и првенства низ светот, што ги следи во својата 55-годишна кариера.

Настанот беше збогатен и со проекција на краток документарен филм посветен на долгогодишната кариера на легендарниот спортски коментатор Михајлов.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com