Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Спасените македонски туристи се однесувале неодговорно, испровоцирале две лавини

0

Во изјавата за бугарското радио Фокус Емил Нешев, директорот на Планинската служба за спасување на Бугарскиот црвен крст вели дека однесувањето на спасените македонски туристи било многу неодговорно.

Во вчерашната акција за спасување учествуваа шестмина спасувачи од одредот во Банско и уште петмина спасувачи кои работеле на сигнализацијата и организацијата на спасувањето.

Христо Григоров, претседателот на Црвениот крст на Бугарија во изјава за радио Фокус вели дека во овој случај биле нарушени сите правила на нормално однесување на еден турист. „Тие ја напуштија пистата под врвот Тодорка и влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”, изјави Григоров.

Минатата година за оваа служба заврши навистина динамично – пет сериозни акции на планинарската служба.

Пред три дена две лица загинаа во снежна лавина над Банско, Бугарија. Според бугарските медиуми, едниот сноубордист загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, но набрзо им подлегнал на повредите. Лавината ги влечела загинатите сноубордисти дури 800 метри.

Надлежните со денови апелирале на опасноста од лавини.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com