Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Со роденденска комедија “Солза и смеа“ го прославија 23 роденден

0

Драмското студио “Солза и смеа“ го прослави својот 23 роденден, односно денот кога ја изведоа првата претстава “Лонг плеј“ на 7 февруари 1996 година. По тој повод синоќа премиерно ја изведоа роденденска комедија “Драпај си…“

За роденденот, Саше Димитровски, основач на “Солза и смеа“ вели:

-“Солза и смеа“ е основана на 7 февруари 1996 година, со одигрување на првата театарска претстава “Лонг плеј“ од Горан Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски. Покрај театарските претстави кои ги изведувавме и се уште ги работиме, значајно е да се напомене дека од 2009 година, започнавме да ги снимаме и скечевите кои ни донесоа голема популарност. Зад “Солза и смеа“ има околу 700 скечеви и два долгометражни филмови, а што за нас е најважно одиграни се повеќе од 100 претстави.

Димитровски додава и дека три години нивниот “ју-туб“ канал е најгледан, а имаат над 100 илјади следачи (субскрајбери).

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com