Со новото откритие глувонемите ќе ја почувствуваат музиката

0

Нашето тело е во состојба да прима звуци не само на традиционален начин преку сетилото за слух, туку и преку опипливи вибрации. Експертите од американскиот стартап „Не е невозможно“ презентираа направа што овозможува да слушате звуци и музика преку кожата.

Експертите докажаа дека кожата е чувствителна на музика преку флуктуации и промени во амплитудата. Звучните сигнали може да се слушнат со специјални нараквици на зглобовите на рацете и нозете, поврзани во ланец кој што се става на грбот. Уредот за слушање наликува на некој вид корсет или егзоскелет.

Со негова помош, сосема глувите луѓе ќе можат да го почувствуваат тоа што за жал до сега не можеле, а тоа е звукот и музиката. Исто така, експертите го нарекуваат овој нов изум пробив во перцепцијата на музиката во XXI век.

Уредот се препорачува не само за луѓе кои имаат проблеми со слухот, туку и за љубителите на музиката – на овој начин ќе добиете ново искуство и навистина ќе ја почувствувате музиката.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com