Со кои навики жените ја уништуваат својата коса

0

Секоја жена во светот посакува да има сјајна и убава коса, но многу често не знаат како правилно да ја негуваат. Експертите за убавина, ги наведоа главните грешки што ги прават жените за време на негување на својата коса.
1. Не се препорачува да ја миете косата повеќе од два до три пати неделно. Според зборовите на технологот од компанијата „Матрикс“ Варвара Помрих, секојдневното миење на коса го уништува заштитниот липиден слој.
2. Не смеете да ја миете косата со многу топла или пак премногу ладна вода. Стилистите за убавина објаснуваат дека оптимална температура за тоа е 40-50°. Исто така, за здрава коса, многу е важно да се употребува кондиционер за коса, но да не се нанесува на самиот корен.
3. Друга грешка – употреба на голем број пени и спрејови за коса. Експертите советуваат, прво да се започне со минимална количина на пена и доколку тоа не помага, постепено да се додава.
4. Многу лоша навика е често да ја допирате косата во текот на денот. Лојните жлезди кои што ги има во кожата на дланките, многу побрзо ја прават вашата коса мрсна.
5. Клучна грешка е употреба на маски и креми за лице, без специјален пешкир на главата, кој ги спречува да не паднат на косата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com