Состојка на пивото спасува од Алцхајмер и Паркинсон

0

Чудеснoто соединение се нарекува ксантогумол и одамна го привлекува вниманието на стручњаците. Тоа е познато по своите антиоксидантни и анти-воспалителни својства. Освен тоа ксантогумолот е корисен за кардиоваскуларниот систем, уверува Zee News.

Научниците од Американското хемиско друштво претпоставуваат дека оксидативната штета на нервните клетки води до невродегенеративни болести. Ксантогумолот сепак е способен да ги заштити клетките на мозокот од таквиот хендикеп. Веројатно тој може да го забави развојот на такви болести како Алцхајмеровата и Паркинсон.

Друго истражување, спроведено неодамна, покажа дека здравиот сон помага да се избегнат проблемите со мозокот во староста. Ако човек спие целосно по 8 часа, Алцхајмерова болест тешко дека ќе го посети. Истражувањата покажале дека здравиот сон помага на мозокот да обработи и ги собере во едно спомените од изминатиот ден и на тој начин да ја засилува меморијата и го тренира мозокот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com