Состанок на Европската мрежа за литература и книги Традуки

0

 

На 30 октомври во НУ Музеј на македонската борба во Скопје  ќе се одржи состанок на Европската мрежа за литература и книги – Традуки, чиј домаќин е Министерството за култура на Република Македонија.

На состанокот на Управниот одбор и програмската комисија ќе бидат присутни претставници од повеќе европски земји членки на мрежата – Германија, Австрија. Швајцарија, Словенија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Романија.

Мрежата Традуки е проект на Сојузното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, швајцарската фондација за култура ПроХелвеција, КултурКонтакт Австрија (во име на Сојузната канцеларска служба на Република Австрија), Гете Институтот, фондацијата С. Фишер, Агенцијата за книги на Словенија ЈАК, Министерството за култура на Република Хрватска, Ресорот за култура на владата на кнежеството Лихтенштајн, Фондацијата за култура на Лихтенштајн, Министерството за култура на Албанија, Министерството за култура и информирање на Република Србија, Министерството за култура и национален идентитет на Република Романија, Министерството за култура на Црна Гора, Саемот на книгата во Лајпциг и на Министерството за култура на Република Македонија.

Заедничката цел на мрежата е преку средбите помеѓу авторите, преведувачите, издавачите, библиотекарите, критичарите и научниците да се поттикнат европската и меѓурегионалната комуникација и да се унапред ат издаваштвото и преведувачката активност.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com