Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Совршениот фустан на Јуџин не ги покри лузните од нејзината операција

0

Денеска се венчаа деветтата наследничка на британскиот трон, принцезата Јуџин и нејзиното долгогодишно момче Џек Бруксбанк. Принцезата Јуџин пристигна во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор во прекрасен кралски фустан.

Нејзиниот извонреден фустан, го дизајнираа Питер Пилото и Кристофер Де Вос, кои го основаа британскиот бренд „Питер Пилото“ во Лондон, 2007 година. Брендот е познат по својот иновативен текстилен дизајн, поврзан со модерна, женствена силуета. Фустанот има деколте кое се преклопува околу рамениците и се спушта по средината на грбот. Отворениот грб на фустанот беше на барање на Јуџин, која имаше операција на 12 години за да ја исправи нејзината сколиоза.

Пилото и Де Вос ги реинтерпретирале симболите со везење на мотиви како јажиња, вткаени во свила, памук и вискозна мешавина. Откако уметничкото дело било завршено, го предале на ткаење во регионот на Комо во Италија. Резултатот е многу модерен изглед на ткаенина со користење на високо сложена техника.

Фустанот беше само дел од нејзиниот невестински изглед. Таа носеше Гревил Емералд Кокошник Тиара, која ѝ ја дала кралицата. Тиарата е изработена од брилијанти и дијаманти сечени во вид на ружа поставени во платина, со шест смарагди од двете страни. Таа, исто така, носеше дијамантски и смарагдни обетки, кои се свадбен подарок од Џек.

Нејзините чевли се сатенски од Шарлот Олимпија.

Кога излезе од автомобилот, таа застана за момент, давајќи им на гледачите добар поглед на нејзиниот неверојатен фустан. Во интервју пред свадбата, таа навести дека фустанот може да ги покаже лузните од нејзината операција на ‘рбетниот столб поради сколиозата.

„Мислам дека можете да го промените начинот на кој се гледа кон убавината и можете да им ги покажете на луѓето вашите лузни и мислам дека е навистина посебно да се залагате за тоа“, изјави таа.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com