Совладан и Бахреин, младите ја искористија шансата

0

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на стартот од СП 2019 откако попладнево рутински беше триумфирано над селекцијата на Бахреин со резултат 28-23. За одбележување е и мундијалското деби на Филип Чурлевски, кој го постигна и првиот гол на ова СП, а во финишот од средбата Раул Гонзалес им даде шанса и на останатите помлади ракометари, па меѓу стрелците се запиша и Мартин Серафимов.

Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен и на оваа средба, Манасков и Кузмановски постигнаа по четири, а по три пати прецизни беа Талески и Мартин Поповски.

Македонија во рамките од третото коло утре ќе се сретне со Хрватска, натпревар што е закажан за 18 часот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com