Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Службите разбија шпионска мрежа, претседателот контрира

0

Раководителот на контраразузнавачката служба на Чешка објави дека неговата служба ја разбила шпионската мрежа на Русија во текот на годинава, кога потполно ја парализирала нејзината активност, соопшти Асошиетед прес. Михал Куделка исто така откри дека службата, позната по кратенката БИС, спречила десетици руски и кинески шпиони да оперираат на територијата на Чешка последниве пет години.

Изјавата на Куделка доаѓа само два дена откако претседателот Милош Земан го отфрли годишниот извештај на БИС. Во документот објавен во понеделникот, БИС предупредува на дејството на руски и кинески шпиони и истакна дека е „очигледно“ дека Русија стои зад сајбернападите против министерството за внатрешни работи на Чешка.

Земан, кој е познат по своите проруски и прокинески ставови, изјави дека во извештајот недостигаат докази.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com