Славни личности за кои не сте знаеле дека се Словенки

0

 

Словенските делови од Источна Европа веќе долго време се познати како еден од најдобрите светски „снабдувачи“ на познати личности, а особено модни модели. Веќе прочитавте за успешните мажи во Холивуд со словенско потекло. Еве и неколку женски ѕвезди за кои можеби не знаевте дека се од овие краеви:

 

  1. Лорд

Пејачката Лорд е родена во Нов Зеланд, ќерка на хрватска мајка Соња Јелиќ, а нејзиното полно име е Ела Марија Лани Јелиќ-О’Конор.

 

  1. Наталија Авелон

Наталија Авелон е родена под името Наталија Сивек во 1980 година во Вроцлав, Полска. Таа се преселила во Германија кога имала осум години каде отишла да стане актерка и пејачка, а најпозната е по дуетот со Вил Вало од ХИМ – „Летно вино“.

  1. Меланија Трамп

Позната како сопруга на американскиот претседател и бизнисмен Доналд Трамп, Меланија ја започна својата кариера како модел во 1990-тите. Таа потекнува од Ново Место во Словенија, а нејзиното родено име е Меланија Кнавс.

  1. Тамара и Петра Еклстоун

Тамара и Петра се модели, модни дизајнерки и ќерки на Хрватицата Славица (Радиќ) Еклстоун и Берни Еклстоун, британски бизнис магнат и извршен директор на Формула 1 групатацијата.

 

  1. Мила Јововиќ

Позната по нејзините улоги во „Петтиот елемент“ и „Присутно зло“, Мила е родена во Киев, Украина. Иако е родена во Украина, мајката на Мила е Русинка, а нејзиниот татко е Србин. Нејзиното полно име е Милица Богдановна Јовиќ.

  1. Нина Добрев

Нина е една од новодојдените на Холивуд, позната главно за главните улоги во „Дневник на вампирот“ и „Деграси: Следната Генерација“. Родена е во Софија, Бугарија, а нејзиното полно име е Николина Константинова Добрева.

  1. Коко Остин

Поранешниот модел, Плејбој зајачица и сопругата на Ајс-Ти, Коко Остин, е родена во САД, мајка и по потекло е Србинка.

  1. Наташа Поли

Супермоделот од Русија и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“- Наташа е родена во Перм во 1985 година. Нејзиното полно име е Наталија Сергеевна Полевшикова.

  1. Сандра Нашиќ

Сандра е водечка пејачка на „Гуано Ејпс“, една од најдобро продаваните рок-бендови од Германија. Сандра е родена во Гетинген од хрватски родители.

  1. Ида Ван Минстер

Родена како Аида Ѓапо, Ида е босански блогер, модел и шминкерка. Ида беше прогласена за “Најубавата жена во светот” на 23 јули 2013 од страна на веб-страницата „УбавиЖени“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com