Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Славни личности за кои не сте знаеле дека се Словени

0

Од словенските делови од Источна Европа потекнуваат многу момци кои го стекнаа голема слава и заслужува да се споменат. Бидејќи Џон Малкович и Кристофер Новоселич од Нирвана веќе не се во центарот на вниманието, време е да се слават и други машки познати личности од словенските земји.

Значи, сите овие машини за правење пари што понекогаш ги гледаме на филмови, се малку “поблиски” за вас отколку што може да замислите. Овие се најуспешните словенски мажи во Холивуд и во западниот свет воопшто:

  1. Џо Манганиело

Најпознат е како сопруг на атрактивната Софија Вергара, но и по филмовите „Магичниот Мајк“ и „Спајдермен“ на Сем Раими, како и серијата „Како ја запознав мајка ви“, Џо  Манганиело има потекло по мајка од Хрватска.

  1. Џеред Падалечки

Џаред стана познат како актер откако се појави на „Девојките Гилмор“, но доби глобално признание само како Сем Винчестер за „Натприродно“. Роден е во САД како син на полски татко.

  1. Џек Вајт

Водечкиот пејач и гитарист на дуото „Вајт страјпс“, како и „Раконтерс“, Џек е роден во Детроит, а мајка му е од Полска и очигледно сè уште инсистира на тоа дека Џек мора да „донесе“ дома жена со потекло од Полска.

  1. Ерик Бана

Целосното име и презиме на Ерик Бана е Ерик Банадиновиќ. Тој е роден во Мелбурн, а по татко има потекло од Хрватска. Некои од неговите најзначајни филмови се „Хулк“, „Троја“, и „Стар Трек“.

  1. Томислав Миличевиќ

Томислав „Томо“ Миличевиќ е роден во Сараево, Босна и Херцеговина, од хрватски родители. Тој е главен гитарист на рок-бендот “Триесет секунди до Марс”. Сестрата на Томислав Ивана, исто така, има голема кариера.

  1. Ештон Качер

 

Овој познат актер ја започна својата кариера како Келсо во „Луди седумдесетти“ и се продолжи да ја гради својата кариера за да стане еден од најплатените актери во Холивуд. Ештон е родена од чешки татко и мајка полу-чехиња.

  1. Џејсон Мраз

Пејачот познат по хитовите како “Јас сум твој” и “Нема да се откажам” е роден во САД, но има чешко и словачко потекло преку неговиот татко, Томаш Мраз. Презимето Мраз го има истото значење на чешки јазик, што го има и на македонски.

  1. Леонардо Ди Каприо

Бабата на познатиот актер Елена Инденбиркен всушност била родена како Елена Смирнова во Русија. Ди Каприо се претставува себеси како “половина Русин”. Тој изјави дека би сакал да ја игра улогата на Путин, ако некогаш постои филм за него.

  1. Џон Красински

Американската филмска и телевизиска ѕвезда Џон Красински веројатно е најдобро познат по неговата улога како “Џим Халперт” во серијата на NBC „Канцеларијата“. Роден е во САД, а татко му е од Полска.

  1. „Чудниот Ал“ Јанковиќ

Чудниот ал е познат како најпродаваниот музичар, пародист, актер и музички продуцент. Алфред Метју Јанковиќ е син на Србинот Ник Јанковиќ.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com