Славниот фудбалер прозборе за четирите милиони за кои го измамиле!

0

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Бугарија, Мартин Петров проговори по неговата тужба против УниКредит Булбанк АД за речиси 4 милиони лева (околу 2 милиони евра).

“Оваа вест ме удри како гром од ведро небо, не сторив ништо погрешно за да сум тука, не го прекршив законот”, изјави легендата на ЦСКА за бТВ.

“Се надевам дека правдата ќе триумфира. За првпат одам на суд и се надевам дека ќе биде последен”, заклучи Мартин Петров.

Поранешниот државен репрезентативец поднесе тужба минатиот декември. Тој поднесе најнапред приговор до Канцеларијата на градскиот обвинител на Софија за извлечени средства од неговите банкарски сметки без негово знаење на 17 ноември 2017 година. Во приговорот што го поднесе, Петров објасни дека настрадал од неговиот личен банкар. Парите од неговите сметки се исцрпени за 10 години – помеѓу 2007 и 2017 година. Во голем дел од овој период Петров играше во странство.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com