СКРИЕНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА БРОЕВИТЕ КОИ НЕ СЛЕДАТ ВО ЖИВОТОТ

0

 

Некои броеви не следат во животот.Најчесто тоа не е само еден број,туку доаѓаат по некој редослед.Обрнете внимание на етикети,сметки,времето кога гледате во часовник,бидејќи најчестите комбинации на броеви имаат посебно значење.

Секој од нас има ангел чувар,некои дури и повеќе.Тие ни помагаат најдобро да го искористиме овој земјен живот.На тој пат ни испраќаат знаци во облик на броеви-ангелски броеви.Најчесто доаѓаат во низа по три, а можете да ги видите на регистерските таблички,на телефонските броеви, на сметките, плакатите.

На пример низата од броеви,понекогаш може да биде прекината, на пример 3303, но тоа значи дека се работи за 333.

Немојте да кревате паника, ако забележите дека оваа низа или било кој ангелски број се појави неколкупати во текот на денот,седмицата или во месецот.Понекогаш нашата енергија  повеќе ‘‘поминува‘‘, а 111 ни дава знак дека сега е вистинско време за ризици,менување на навики, придвижување на проекти или промена во љубовната врска.Очите нека Ви бидат ширум отворени,за да ја зграпчите вистинската прилика.

222

Оваа низа е метафора за растеж.Ако често го видите 222 продолжете да се грижите за семето кое сте го посадиле.Со други зборови,бидете истрајни во она што го работите,било да е врзано со Вашата професија,врска или финансиите.Понекогаш можеби ќе се двоумите дали сте на вистинскиот пат или не,но 222 е потврда да продолжите така.

444

Најчесто Ви се јавуваат во тешки животни моменти-кога поминувате низ прекин на врската или бракот, се носите со тешка болест или сте осамени и помалку депресивни.Оваа низа на броеви е знак дека ангелот чувар е блиску и Ви пружа чувство на утеха.Овие броеви често се гледаат кога на пример ќе одржите многу успешна презентација на работа или уживање на одмор на соништта.И во тој случај ќе знаете дека најверојатно ангелите ‘‘вмешале прсти‘‘во тоа.

555

Три петки со себе носат позитивни промени.Исто така, што почесто ја гледате оваа низа,пораката е се појасна. Ако Ве опкружува низата 555 тоа може да значи дека поминувате низ голема и значајна промена.А може да Ви сигнализира и скорешна промена ,така што однапред можете да се подготвите.Ако се прашувате дали одредената насока е добра,трите петки се секогаш потврда за тоа.

777

Седум е среќен број, а три седмици поврзани се о духовноста.Па најчесто ќе ги среќавате во животните периоди, кога духовното Ви е на прво место.Ангелите не познаваат религии и подеднакво комуницираат со сите луѓе.Ова може да биде знак дека Ви е потребен одреден духовен сегмент и дека треба да се позанимавате со себе внатрешно.

888

Ако често ја среќавате оваа низа,можете да ги протриете дланките бидејќи тоа значи дека наскоро Ви се насмевнува богатство.888 е и знак дека ангелите ќе ни помогнат богатството од било кој вид да го внесеме во животот,било да се работи за здравје,романтична врска или работа.Исто така,тоа нека Ви биде потсетник да го ширите богатството, бидејќи на крајот секогаш доброто со добро се враќа.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com