Скопјанец украл возило, направил ршум и прегазил полицајци

0

Вистинска полициска потера се случувала вчера во Скопје откако Н.Ќ (36) одзел патничко возило при што предизвикал сообраќајна незгода и прегазил полицајци.

Според информациите на полицијата вчера околу 17.00 часот на булеварот „Александар Македонски“ полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(36) од Скопје поради сомнение за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Истиот ден околу 16.35 минути во полициска станица, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица „Даме Груев“ непознат сторител одзел возило „Ауди А6“, сопственост на фирма од Скопје, кое тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор. Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило „БМВ“ тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот „Александар Македонски“, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила („Фолксваген Голф“, „Фиат Пунто“ и „Фолксваген Голф 4“), како и службеното возило „БМВ“. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата „8-ми Септември “, каде им била укажана лекарска помош.

По целосно докуменитрање на случајот против Н.Ќ ќе биде поднесена соодветна пријава

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com