Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Скандал ја стресе фудбалска Англија

0

Скандал ја погоди фудбалска Англија, но и соблекувалната на Арсенал, откако за неколку фудбалери од редовите на „топчиите“ се изнесени сериозни обвинувања.

Британските таблоиди објавија ексклузива дека на една забава на која биле присутни повеќе играчи на Арсенал, Колашинац, Обамејанг, Лаказет, Гендузи и Озил, се користеле наркотици, односно азотен оксид, кој на островот се смета за опојно средство. На една од објавените фотографии се гледа како Озил му предлага на Мкхтаријан и тој да вдиши од опојното средство, но тој одбил.

Дрогата наречена „Hippy crack“ или попозната како дрога за смеење, била користена на споменатата забава во еден од лондонските пабови.

Оваа супстанца е сепак дозволена во Британија, се користи во медицински цели, но забранета е да се користи на јавни места во кои има повеќе луѓе.

Сега следува истрага, а доколку се докаже вина, клубот може да заработи сериозно предупредување од федерацијата, можеби и казна.

На самата забава имало 70 девојки, а сметката изнесувала 30.000 фунти.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com