СКАНДАЛ: Според Статутот на ЗНМ Чадиковски не е избран за претседател!

0

Како што претходно најавивме, сомневањата се остварија. Невиден скандал се случи денеска на собранието за избор на претседател на Здружението на новинари на Македонија. Главниот и одговорен уредник на телевизија 24 Младен Чадиковски е избран за претседател на ЗНМ спротивно на Статутот на ова здружение.

Според анализата на Економски Лидер, бројот на гласови за избор на Чадиковски не е доволен за тој да стане претседател.

Од вкупно 555 членови на Здружението денеска на собранието биле присутни само 175. За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.

Според член 34 од Статутот на ЗНМ, претседател се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание. Тоа значи дека за Чадиковски да биде избран, тебало да добие 87 гласови, односно тој за само еден глас не е избран за претседател.

Ова значи дека Чадиковски не е легитимно избран за претседател на ЗНМ.

Во ситуации како денешната во која практично не е избран претседател, бидеjќи никој од кандидатите не успеа да освои мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, Статутот предвидува организирање на втор круг на гласање, во кој се гласа за двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг, а за избран се смета оној што ќе освои најголем број гласови во вторниот круг.

Според овој член од Статутот, ЗНМ треба да организира втор круг на гласање.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com