Сириeц кој живееше седум месеци на аеродром конечно е слободен човек

0

37- годишниот Хасан ал Контар, кој се бави со маркетинг, беше седум месеци уапсен на аеродромот во Куала Лумпур (од 7 март), откако малезиските власти одбија да му дозволат влез во земјата.

Во тоа време тој го создал огромна фан база на Твитер, каде што  го документираше тешкиот живот на аеродромот во форма на слики и видеа кои покажуваат како се снаоѓа за добивање на храна, пијалоци, па дури и вежбање. Неговиот живописен дневник доби глобално внимание, а илјадници луѓе почнаа да го следат. Меѓу нив, Лори Купер од Вистлер во Британска Колумбија, која собра пријатели и поднесе петиција која потоа беше предадена на канадскиот имиграционен центар со барање Контар да добие статус на бегалец.

Дури и бараните 13.600 долари беа собрани, а сè што останана беше да се чека одлука. Во меѓувреме, Контар неколку недели не објавуваше ништо на Твитер, па се сметаше дека е уапсен бидејќи тој беше во забранета зона на аеродромот. Затоа процесот мораше да се забрза, пред полицијата да го депортира во Сирија. Конечно, минатата недела Купер доби порака дека конечно може да го напушти аеродромот.

По неколку недели молк на Твитер, овој пат, тој се појави со сликата на аеродромот, но разликата е што тој конечно оди некаде.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com