СИДА во Македонија: Од 400 лица со ХИВ половината не знаат дека се позитивни

0

Под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, од денеска до 24 мај ќе се одржува пролетната Европска недела на тестирање, чија цел е да се зголеми бројот на луѓе кои се тестираат за ХИВ и за другите сексуално преносливи инфекции, како дел од грижата за сопственото здравје, соопшти здружението ХЕРА.

Од околу 400 лица со ХИВ, колку што се проценува дека денес живеат во нашата земја, речиси половината не го знаат својот ХИВ-позитивен статус. Mинатата година, пак, над половина од луѓето со ХИВ биле дијагностициранидоцна, со што се одложува навременото започнување со терапија за ХИВ. Со навременото тестирање и редовното земање на терапијата, луѓето со ХИВ не само што можат да живеат квалитетно и долго, туку и се спречува преносот на вирусот бидејќи неговото присуство во крвта толку многу се намалува што не може да сепренесе по сексуален пат дури и кога не се користи заштита, велат од ХЕРА.

Граѓаните можат бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и за други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам“ на Водно. За подетални информации, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950. Повеќе информации за ХИВ и за најблиските локации каде што може да се направи ХИВ-тест се достапни и преку мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, која може бесплатно да се преземе на Google Play.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com