Се урна хеликоптерот на газдата на Лестер

0

Хеликоптерот за кој се верува дека го носел Вичаи Шривадханапраба, претседател на Лестер Сити, се урна надвор од стадионот “Кинг Пауер“, по домашниот натпревар на Лестер против Вест Хем Јунајтед вечерва.

Идентитетот на патниците е непознат и не е јасно дали имало преживеани. Инцидентот се случил околу еден час по финалниот свиреж на судијата. Очевидци објавија дека хеликоптерот се урнал кратко време по полетувањето од теренот. Се урна во близина на паркингот. Службите за итни случаи се упатиле кон местото за да се справат со огромен пожар.

На локацијата се создаде конфузија, бидејќи безбедносниот персонал се обиде да го врати редот. Навивачите ја напуштија областа загрижрни и во неверица. Каспер Шмајкел, голманот на Лестер, беше виден со солзи во очите.

Вообичаено, Шривадханапраба, кој го купи клубот на источниот дел на Мидлендс во 2010 година, се враќа во Лондон по секој натпревар. Поддршката на тајландскиот бизнисмен, 60, му помогна на Лестер да ја освои титулата во Премиер лигата во 2016 година.

Полицијата од Лестершир засега само изјави: “Се работи за инцидент во близина на стадионот “Кинг Пауер”. Службите за итни случаи се присутни и се занимаваат со расчистување”.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com