Се потврдуваат сомневањата дека универзитетите фабрикуваат дипломи

0

Како напредувале во академската кариера министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, објави порталот „24“.

Просветниот инспекторат ќе направи вонреден инспекциски надзор за случајот која ја бранува академската јавност. Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој пред неколку дена  го обелодени случајот тврди дека со ова ќе се настојува да се промени неговото решение и да се даде пас, за како што вели, очигледното кршење на закопните и процедурите. Според Илиевски  во овој втор инспекциски надзор кој го спроведува раководителот на секторот за инспекциски надзор Саљиу има судир на интереси. Илиевски тврди дека на Правниот факултет на државниот универзитет во Тетово работи токму ќерката на Саљиу.

По анализа на целокупната документација која ја добил просветниот инспектор за високо образование покрај унапредувањето на Адеми, вели со договори за интелектуална дејност, актуелниот министер за образование спротивно на законот имал и дополнителни финансиски примања. Министерот Адеми пак тврди дека процедуарата за неговото унапредување е во надлежност на универзитетот.

За тврдењата на Илиевски дека било побарано од него да премолчи и уредно собраната документација да биде ставена во фиока, директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски не сака да  коментира, вели има институции кои ќе го решат случајот. Од Владата велат дека случајот е сега во антикорупциска и ќе чекаат разврска.

Според извршениот инспекциски надзор од страна на Илиевски, Министерот за образование и наука Арбер Адеми, незаконски бил избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на државниот универзитет во Тетово, а двајцата актуелни државни функционери, Агим Нухиу и  Сафет Емрули, исто така незаконито напредувале во наставно-научни звања.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com