Се омажи најбогатата наследничка

0

 

34-годишната Марта Ортега, наследничка на модниот бренд „Зара“, се омажи за нејзиното момче, агентот за модели – Карлос Торета.

Според американскиот портал „Хола!“, церемонијата се одржа на 16 ноември во градот Ла Коруња, во имотот на таткото на Марта, 82-годишниот милијардер Амансио Ортега. Венчаницата на невестата веше во нежно-розова боја, инспирирана од стилот на 70-тите – ја имаше честа да ја создаде модната куќа „Валентино“. Необично е тоа што самиот фустан е комбинација на полупроѕирна блуза и долго здолниште.

Главната церемонија се одржа во саботата, на 17 ноември, во хотелот „Касас Новас“. На церемонијата присуствувале 400 гости. Ова е веќе втор брак на Ортега, три години претходно таа беше во брак со ѕвездата на коњичкиот спорт, Серхио Алварез Моја, од кого има син.

Ќерката на милијардерот и нејзиниот сегашен сопруг Карлос се запознале во 2016, а годинава Торета и понудил брак на Ортега.

Новинарите ја нарекуваат Ортега најбогатата наследничка на планетата – во 2017 година, богатството на нејзиниот татко изнесувало 85 милијарди долари, а според Форбс, тој бил прв на рангирањето на најбогатите луѓе во светот. Амансио Ортега, официјално се смета за најбогат човек во Шпанија. Марта одамна работи во компанијата на нејзиниот татко „Индитекс Груп“, а исто така хоби и е јавање на коњи и модата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com