Се одржа третата трка „Орман 2018“

0

Изминатиот викенд се оддржа третата и последна трка од македонскиот мотокрос шампионат, на популарната патека Орман во близина на Скопје.

Организатор беше Мото клубот „Вардар“ од Скопје.

Во класата MX2 Ендуро тим „Водно“ имаше огромен успех, поточно Христијан Станковиќ го освои првото место, додека Виктор Караколев беше втор.

Со овие резултати во генералниот пласман Станковиќ по шести пат е шампион на Македонија, додека Караколев за прв пат е вицешампион во класата MX2.

„Водно“ оваа сезона е еден од најтрофејните мото клубови во Македонија во повеќе дисциплини.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com