Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Се огласи Џони, за да му ја плесне на Шербеџија

0

 

Бранимир Џони Штулиќ, лидерот на некогашната Азра, една од најконтроверзните личности на бишојугословенската музичка сцена, остро реагираше на интервјуто што славниот глумец Раде Шербеџија го дал за РТС пред неколку дена. Најавувајќи го настапот во Белград, Шербеџија им објаснувал на медиумите зошто турнејата ја нарекол според песната на Штулиќ ‘Meni se dušo od tebe ne rastaje’.

-Знаеше да ме повика на полноќ на прошетка по Загреб. Со него најубаво се молчеше на тие прошетки во Загреб. Имавме чудно пријатество. Го прашав да ми направи песна за претставата „Хрватски славеј“ што ја режирав во 1989 година во Загреб. Џони ја напшрави песната ‘Meni se dušo od tebe ne rastaje’ за отворањето на претставата . Сега со насловот на овие концерти му испраќам порака, како на стар пријател – истакнал Шербеџија во интервјуто.

На овие зборови Џони веднаш испрати демант, што РТС го објави во целост.

-Тој казанџијата Шербеџија мрачно лаже. Џони никогаш не го канел на прошетка низ Загреб, ниту му направил песна, ниту некогаш биле пријатели, токму спротивното, тој него во една прилика, по сопствена желба, го повоза со својот мерцедес за да молчи со него прекрасно, меѓутоа, го искористи тој повик за песната полесно да ја отуѓи и да ја уфрли во својата претстава без прашања, напротив, за тоа да го сокрие, тој подоцна и ја сними, а сега веќе со тие гнасни лаги ја оправдува и самата причина на своето опако постоење – го почнува Џони своето писмо, пишувајќи за себе во трето лице.

Понатаму тој објаснува како и кога настанала спорната песна, дека тогаш воопшто не го ни сретнал Шербеџија а го видел дури една година подоцна. Своето писмо го завршува на начин кој потсетува на неговите најубави песни кои пленија генерации Југословени:

-Еве, тече веќе и 28 година од таа сплетка и како ја плете својата мрежа (се повеќе и повеќе). Значи, таму Хрватски славеј, а ваму босански Грузиец кој се претставува како Србин за да летува на Бриони.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com