Се враќа детското ТВ шоу „Улицата Сезам“

0

Сакана од милиони деца во светот, хумористично образовнaта серија „Улицата Сезам” се враќа на малиот екран, но овој пат во вид на филм – мјузикл.

Американската холивудска актерка Ен Хатавеј е прва поканета на проектот. На Хатавеј веќе и е понудена соработка, иако не се знае дали актерката ја прифатила.

Веќе е познато дека компаниите „Варнер Брос“ и „МГМ“ се задолжени за снимањето на новиот мјузикл. Во улога на режисер на филмот е избран Џонатан Кресел, а продуценти ќе бидат Шон Леви (познат по филмовите „Ноќ во музејот“ и „Пинк Пантер“) и Мајкл Агилар („Луди мажи“ ). Се уште не се знае датумот на премиерата на филмот.

Детското ТВ шоу „Улицата Сезам“ се емитува уште од далечната 1969 година. Главните ликови на  серијата ги учат младите гледачи на основните норми и вредности на современото општество, помагаат да развијат позитивни особини кај децата и да се ослободат од негативните.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com