Сериозни проблеми поради Брегзит

0

 

Ако навистина се разведат Обединетото Кралство и Европската унија, од тоа најмногу ќе биде погодена Шпанија. Токму поради тоа, министерот за туризам на Шпанија, Рејес Марото се состанал со британските туроператори за да направат „план Б“ за таквата ситуација.

Разговарајќи со неколкуте најголеми туристички агенции во Шпанија тој ги сослушал нивните предлози во случај да дојде до излегување на УК од ЕУ.

Интересно е дека околу 18 милиони Британци годишно патуваат на летување во Шпанија, а тоа е една четвртина од сите туристи во оваа земја.

Туризмот е најважна стопанска гранка во Шпанија, со дури 11 проценти учество во националниот доход, а вработува најмногу луѓе.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com