Сериозен тест за бремената Меган Маркл

0

Исто како и нејзината јатрва Кејт Мидлтон, Меган Маркл може да направи сè во потпетици.
Од кошаркарски вежби до настани на фудбалското игралиште, Меган е комотна и на високи потпетици.
Но, нејзините вештини ќе бидат ставени на тест за време на нејзината епска 16-дневна турнеја низ Австралија, со 76 различни ангажмани – додека влегува во вториот триместар!
За време на нејзиниот прв ден од турнејата, Меган носеше потпетици од Стјуарт Вајцман кои беа високи 9,5 цм. По средбата со владини претставници претходно истиот ден, Меган ја посетила зоолошката градина Таронга, а потоа се сретна и со обожавателите пред Сиднејската опера.

Меѓутоа, во периодот меѓу средбите, Меган им даде олеснување на нозете, префрлајќи се во едноставни црни балетанки.
Подоцна истиот ден, таа ги замени нејзините Стјуарт Вајцман потпетици со Диор кремасти салонки за прием во Адмиралитетската куќа во Сиднеј.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com