Сепак била виновна Лејди Гага

0

Се појавија детали за распадот на врската меѓу холивудската двојка Бредли Купер и Ирина Шајк.

Иако со месеци се претпоставуваше, веста за распадот на врската меѓу актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк, ги изненади фановите кои се надеваа дека станува збор за озборување, поттикнато од настапот на Бредли со Лејди Гага ноќта на Оскарите. Според американските таблоиди, Бредли се оддалечил од Ирина уште на снимањето на филмот со Лејди Гага ,,Ѕвездата е родена”.

Снимањето траело доста долго, а Бредли, освен што ја носеше насловната улога, беше еден од сценаристите и режисер на филмот. Уште за време на снимањето на филмот тој се дистанцирал од Ирина, но бидејќи го кријат семејниот живот, до минатата недела кога таа ја напушти заедничаката куќа, не се знаеше за проблемите меѓу нив.

Огромниот број нивни фанови за ваквата разделба по четиригодишна врска во која ја имаат и двегодишната ќерка, ја обвинуваат Лејди Гага. Таа се огласи и преку Твитер и на сите кои и праќале отровни пораки им напиша да ја остават на мир и да не ги интересира нејзиниот живот и врските.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com