Сем Смит размислува да си го промени полот

0

Познатиот британски пејач и кантавтор Сем Смит проговори за својот „небинарен полов идентитет“ и призна дека размислува за промена на полот.

Навистина понекогаш размислувам како жена, во својата глава. Се имам прашано себе си дали сакам промена на полот. Тоа е нешто за што сѐ уште размислувам – изјави Смит во интервју за Би-Би-Си.

Таканаречените небинарни лица обично не се идентификуваат исклучиво како мажи или како жени.

Отсекогаш во моето тело и ум имало мала војна на тоа поле… Не сум ниту машко ниту женско, мислам дека пловам некаде на средина, нагласува Смит.

Познатиот музичар од Лондон признал дека за првпат почувствувал хомосексуална склоност уште на 9 години.

Тој освои Оскар за најдобра оригинална песна за филмот “Spectre” од 2016 година, а својата награда им ја посвети на ЛГБТ заедниците ширум светот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com