Селена Гомез во ново празнично видео

0

 

Со години наназад, божиќните празници започнуваат со празничните реклами кои сите едвај ги чекаме. Годинава, 26-годишната Селена Гомез, како главна улога учествува  во божиќната рекламна кампања на американскиот моден бренд „Коуч“.

За претстојните празници, овој бренд направи интересно божиќно видео со наслов „Lights, Camera, Holiday“ („Светлина, камера, празник“). Во забавната реклама, Гомез учествува во кастинг каде што натпреварува со анимирани животни како жаба, лисица, був и прасе за да биде дел од божиќниот излог на брендот „Коуч“.

Покрај видеото, пејачката учествува во новогодишната фотосесија на брендот, во која што позира во автомобил покриен со слана.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com