Секнаа ли бугарските пасоши за Македонци?

0

Најавите на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов дека ќе ја затвори Агенција за Бугарите во странство која дели пасоши внесе вознемиреност кај Македонците кои имаат или пак се надеваат дека ќе дојдат до патна исправа на источниот сосед.

Голем дел од нив веќе се распрашуваат што ќе биде со парите што ги имаат и со процедурата која е во тек. Според посредниците, сите процедури најверојано ќе бидат стопирани се додека бугарските власти не одлучат што понатаму.

Македонците за да дојдат до бугарски пасош најчесто плаќаа од 500 до 5.000 евра а постапката почнуваше со вадење на потвдра односно т.н Удостоверение со кое ќе докажат дека имаат бугарско потекло.

Тоа најчество се правеше преку документи на родители или пак баби и дедовци кои во минатото на било кој начин биле поврзани со Бугарија преку место на раѓање, школување или пак во некои од матичните книги им стои дека се Бугари.

Потоа документите се испраќаа во Агенцијата на Бугарите во странство која го имаше последниот збор дали кандидатот ќе добие бугарски пасош. Пред да го подигнат Македонците мораа во Агенцијата да поминат и тест за познаваање на бугарската историја и да потврдат дека се чуствуваат како Бугари.

Според неофицијални информации, досега околу 50.000 Македонците на ваков начин дошле до бугарски пасош а за неколку илјади процедурата е во тек.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com