Седмо издание на AllWeb

0

 

Седмото по ред издание на AllWeb се одржува денеска во Македонската филхармонија во Скопје. Конференцијата ја отвори Роџер Едвардс, маркетинг-стратег и домаќин на познатиот поткаст „Маркетинг и финансии“, а ќе заврши со презентацијата на Мет Десмиер, човекот што внесува нова перспектива во бизнисот. Програмата е поделена во три дела, а ќе се состои од презентации и кратки разговори на сцена. Организаторите велат дека не откриваат баш сè и најавуваат изненадувања за присутните.

Предвидени се тринаесет говорници кои ќе бидат дел од AllWeb, првата и единствена конференција за дигитални комуникации во Македонија.

Покрај досега најавените, на листата со говорници се најдоа и имињата на Алина Гратчер, коосновач на „Акцелерејт Кореја“, Неил Кокер од ramptshirts.com, Борислав Миљанович, основачот на „Репрезент систем“, како и Блаже Аризанов, Македонецот што направи бум со својот стартап во Индија.

„Првичната листа на можни говорници, како и нивниот интерес да бидат дел од AllWeb, годинава беше најголем. Внимателно ги избиравме и говорниците и содржината што ќе се презентира со цел темите што ни се во фокус да ги обработиме од разни аспекти“, вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

„Веруваме дека направивме одлична програма, на задоволство на сите, а најмногу на учесниците. Целта ни е да го поттикнуваме пазарот да се развива, па затоа содржината е насочена кон иднината и тоа што допрва нè очекува“, додава тој.

На конференцијата присуствуваат околу 300 претставници на високите одлучувачки структури на компаниите, маркетинг и директори за односи со јавноста, претставници од агенции, компании, претприемачи и слично.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com