Светски ден на филозофијата 2018

0

 

Утре, 15 ноември, со почеток во 10 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи пригодна програма со која Филозофското друштво на Македонија по 15-ти пат ќе го прослави Светскиот ден на филозофијата, вклучувајќи ја Македонија во редот на земјите кои ќе го одбележат овој значаен ден низ целата планета.

Прославата на Светскиот ден на филозофијата ќе почне со мал свечен концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, по што ќе следи традиционалната Беседа за филозофијата.

Овојпат говорник ќе биде проф. д-р Сузана Симоновска, професорка на Катедрата за родови студии при Филозофскиот факултет, по што проф. д-р Слободанка Марковска ќе ги промовира броевите 22/23 од „Филозофска трибина“.

Работниот дел ќе мине во знакот на симпозиумот на тема „КУЛТУРА, ИСТОРИЈА, ПОЛИТИКА – ЏАНБАТИСТА ВИКО И КАРЛ МАРКС: 350 и 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО“ на кој ќе учествуваат бројни реномирани професори и истражувачи од Македонија. Во термините предвидени за дискусија ќе има простор да се вклучи и публиката.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com