Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Светот достигна најниско ниво на среќа за десет години

0

Според истражувањето објавено во средата, светското ниво на среќа е најниско во оваа декада и се поголем е бројот на луѓе кои велат дека се чувствуваат под стрес.

Според рангирањето на “Галуп“ минатата година, првото место на најмалку среќна држава во светот го зазема Централноафриканската Република, која беше погодена од различни конфликти, а на второ место е Република Ирак.

-Колективно гледано, светот е понервозен, позагрижен и потажен денес, отколку што бил порано – изјави уредникот на групата, Мохамед Јунис.

Галуп испита повеќе од 154.000 луѓе во 146 држави низ светот за тоа дали тие претрпеле болка, грижа, стрес, гнев или тага претходниот ден. Резултатот покажа дека глобалното расположение е многу полошо од првото такво истражување во 2006 година.

Потсахарската Африка беше лидер, која со 24 од 35 анкетирани земји, достигнала 10-годишен пад на радоста во 2017 година. Причинте што довеле до ова се граѓанските немири во државите, лошите здравствени услови и многу луѓе кои гладуваат.

-Во ЦАР и многу други републики во Африка, голем процент од населението се бори да преживее – изјави водечкиот автор на истражувањето Џули Реј.

Централноафриканската Република е опустошена од насилство,  додека поголемиот дел моментално е надвор од контрола на владата, поради што околу тројца од четири жители изјавиле дека доживеале болка и грижа.

Покрај неразвиените држави, околу половина од интервјуираните Американци исто така изјавија дека се под многу голем стрес во последниве години – приближно ист процент како испитаниците во ЦАР.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com